Top Sport

МЗТ го презентираа Соколов

Македонскиот репрезентативец и досегашен член на Карпош Соколи, Дарко Соколов потпиша 18-месечен договор со шампионот МЗТ Скопје Аеродром.

31-годишнот Соколов ќе биде засилување на МЗТ на позицијата бек, и е засилување со кое треба да се брка опстанок во АБА-лигата по слабиот старт на регионалното натпреварување.

Соколи во кариерата има настапувано за Вардар, АМАК-СП, Струмица, Фени Индустри, Работнички, а неколку месеци во 2009 година го носеше и дресот на МЗТ. Тој ќе дебитира на мечот против Цеведита на почетокот на декември.

МЗТ исто така потврди дека го раскина договорот со Американецот Ерик Гарсија, кој подолго време не е во првиот тим на шампионот.

Фото: МЗТ Скопје Аеродром

Scroll to Top