Top Sport

НБА: Блесок на Драмонд во родниот град, Пистонс лидери на Истокот

Андре Драмонд ја облежа изминатата ноќ во НБА лигата. Центарот на Детроит Пистонс на импресивен начин му овозможи на својот тим да слави победа во Бостон 118:108.

Центарот, кој е роден во Бостон, со „дабл-дабл“ од 26 поени и 22 скока ги предводеше Пистонс до победата.

Драмонд постигна 10 поени во првата четвртина, а во завршницата во последните пет минути ги реализира последните 11 поени за Детроит.

Пистонс со третата пбеда во последните четири натпревари од Бостон ја презедоа челната позиција во Источната конферњнција.

„Ова е за паметење. Ова е еден одо оние мечеви кои не се забораваат. Ваква ноќ во родниот град мора да биде запаметена“, рекол Драмонд.

Покрај Драмонд одличен меч одигра и бекот Тобијас Херис (31 поен, 8 скока), додека плејмејкерот Реџи Џексон имаше учинок од 20 поени и 7 скока.

Селтикс го запишаа првиот пораз оваа сезона беа предводени од Маркус Смарт (23 поени) и Кајри ирвинг (18 поени, 4 скока, 9 асистенции).

Сан Антонио во тексашкиот дуел против Далас Маверикс победи 115:108, а мечот го обележа враќањето на Тони Паркер. Францускиот ас го одигра првиот меч сезонава, на теренот мина 14 минути и забележа 6 поени и 4 асистенции.

Најефикасен кај Спарс беше Ламаркус Олдриџ со 33 поени, а Пау Гасол забележа 25. Кај Маверикс по 19 поени постигнаа Весли Метјуз и Денис Смит.

Кливленд Кавалирс убедливо победија во дуелот со Филаделфија 113:91. Леброн Џејмс забележа 30 поени, 13 скока и 6 асистенции, а на спортивната страна Џоел Ембид имаше учинок од 30 поени и 11 скока.

Преку 30 поени потигнаа и првите ѕвезди на Хјустон Рокитс и Портланд Трејлблејзерс, Џејмс Харден и Демијен Лилард.

Харден со 37 поени, 10 скока и 8 асистенции го предводеше Хјустон до победата над Бруклин Нетс 117:103, додека Лилард во победата на Портланд во Њујорк 103:91 постигна 32 поени.

Лу вилијамс постигна рекордни во кариерата 42 поени во дербито на Лос Анџелес, во кое Клиперс ги победија Лејкерс 120:115. Одличен меч за победникот одигра и Блејк Грифин (26 поени, 11 скока), додека „езерџиите“ ги предводеше Кентавијус Колдвел-Поуп со 29 поени.

Scroll to Top