Top Sport

НБА: Личен рекорд на Богдановиќ, нов триумф на шампионот (Видео)

Десет натпревари се одиграа во НАБ лигата во текот на изминатата ноќ. Голден Стејт Вориорс предводен од Клеј Томпсон ја запиша четвртата последовна победа и дополнително се зацвртси на лидерската позиција во лигата.

Голден Стејт победи во Чикаго 119:112, а Томпсон го предводеше тимот со 38 поени, додека Стеф Кари уфрли 30 поени. Најдобар кај Чикаго беше Црногорецот со шпански пасош, Миротиќ кој уфрли 24 коша.

Поразот на Сакраменто од Јута 105:120 му ја упропасти совршената вечер на Богдан Богадановиќ. Србинот блескаши и стигна до нов рекорд во кариерата, тој постигна 25 поени, со 100 отсто реализиција за тир поени (6/6).

Поен повеќе од Богдановиќ постигна Кули-Стајн (26 поени, 10 скока), додекс Јута ја предводеше дебитантот Мичел со 34 поени.

Резултати:

Шарлот Хорнетс-Вашингтон Визардс 133.109
Атланта Хокс-Њу Орлеанс Пеликанс 94:93
Бруклин Нетс-Сан Антонио Спарс 95:100
Торонто Репторс-Детроит Пистонс 96:91
Мемфис Гризлис-Њујорк Никс 105:99
Милвоки Бакс-Мајами Хит 101:106
Оклахома Тандер-ЛА Лејкерс 114:90
ЛА Клиперс-Денвер Нагетс 109:104

Scroll to Top