Top Sport

НБА: Лилард му пресуди на шампионот (Видео)

Портланд Трејлблејзерс забележа победа над актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс 123:117 и му овозможи на Хјустон да ја преземе првата позиција во Западната конференција и воопшто во лигата.

Портланд го одигра најдобриот меч во тековната сезона, против шампионот константно го имаше водството, а блескаше првата ѕвезда на тимот Демијан Лилард со 44 поени и 8 асистенции.

Вообичаено Лилард поддршка доби од својот партнер во бековската линија, Си-Џеј Мекалум кој уфрли 29 поени. Одличен во рекетот беше репрезентативецот на БиХ, Јусуф Нуркиќ кој забележа „дабл-дабл“ од 17 поени и 13 скока.

На спортивната страна фанатстичен беше Кевин Дурент со 50 поени, 7 скока и 6 асистенции, Клеј Томпсон и Стеф Кари постигнаа по 17 поени, а Дрејмон Грин имаше 16 поени, 12 скока и 7 асистенции.

Голден Стејт со скор 44 победи и 14 порази е на втората позиција во лигата зад Хјустон кој има пораз помалку, додека Портланд е на шестото место во Западната конференција со 32 победи и 26 порази.

Scroll to Top