Top Sport

Не запира серијата на Портланд, Леброн со нов трипл-дабл (Видео)

Кошаркарите на Портланд во моментов ја имаат најдолгата победничка низа во НБА лигата. Изминатата ноќ тие го победија Детроит 100:87. Ноќта помеѓу саботата и неделата Леброн Џејмс забележа уште еден трипл-дабл, а десеткуваниот Голден Стејт победи против Феникс.

Портланд се најоѓа во серија од 12 победи и со скор од 43 победи и 25 порази е трет на Западот, веднаш зад Хјустон и Голден Стејт.

Демијан Лилард го предводеше тимот до победата над Детроит со 24 поени, 8 скока и 7 асистенции. На спротивната страна Андре Драмонд запиша „дабл-дабл“ од 18 поени и 22 скока.

Леброн Џејмс, во Чикаго, забележа 33 поени и по 12 скока и асистенции и му овозможи победа 114:109 на својот тим.

Во Њу Орлеанс, Џејмс Харден имаше учинок од 32 поени, 11 скока и 8 асистенции, а Хјустон во неизвесен меч триумфираше над Пеликанс 107:101. Ентони Дејвис во поразениот тим постигна 26 поени, на кои придодаде 13 скока.

Голден Стејт без Кари, Томпсон и Дурент славеа во Феникс 124:109. Квин Кук со 28 поени беше најефикасен, додека Дрејмонд Грин забележа 25 поени, 8 асистенции и 11 скока.

На останатите натпревари Јута славеше над Сакраменто 103:97, Сан Антонио ја порази Минесота 117:101, Деневер загуби од Мемфис 94:101, Бруклин го победи Далас 114:106, а Њујорк бее подобар од Шарлот 124:101.

Scroll to Top