Top Sport

Нетси не го заборавија Дражен

Иако легендата Дражен Петровиќ својата НБА кариера ја почна во Портланд трејлблејзерс, неговите квалитети се познаа кога тој играше за Њу џерси нетс, кои не го заборавија и приредија посебно изненадување за навивачите на 26 февруари, одбележувајќи ја 25-годишнината од смртта во сообраќајна несреќа.

Нетс, кои оттогаш го сменија името во Бруклин нетс, не заборавија на историјата и на првите 10.000 навивачи кои ќе пристигнат на мечот на 26 февруари против Чикаго булс ќе им доделат фигури од хрватската кошаркарска легенда.

Scroll to Top