Top Sport

Петте работи што Владо Илиевски би ги сменил во МКФ

Владо Илиевски, поранешен кошаркар и противкандидат на Петар Наумовски на неодамнешните вонредни избори за претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), не е човек што се откажува на првата пречка.

Иако, спротивно на сите очекувања, во неделата ги загуби изборите, тој потврди дека нема лесно да се предаде и повтори дека вонредното собрание било нелегитимно и незаконско.
На вонредното собрание, оној чија смена се бараше (Наумоски), доби 16 гласа, а неговиот противкандидат, стрелецот на најпознатиот кош во историјата на македонската кошарка, Владо Илиевски, доби 14 гласа.

Нема предавање, низ институциите на системот ќе ја бара правдата за да може Наумовски да биде тргнат од функцијата, а МКФ да започне да работи за кошарката, кошаркарите, клубовите и националните селекции.

Владо има план како да го врати сјајот на кошарката кај нас.

1. Би обединил. Би ги вратил во кошарката сите оние што вредат. Прв приоритет е да го вратиме сјајот на репрезентацијата;

2. Клубовите треба да бидат ослободени од котизација;

3. Личните интереси би ги оставил далеку пред оние на македонската кошарка. Несебично би работел за да ја вратиме довербата во кошарката;

4. Посветено би работел на популаризација на кошарката. Да го вратиме интересот кај младите да играат повеќе кошарка. Да ја сакаат кошарката како порано кога на секое ќоше се играше баскет, се тренираше во клубови;

5. Би работел во интерес на младите, нивен развој и играње во нормални услови. Треба да се подобрат основните услови за тренирање и работа. Потребна е едукација на тренерите, потребни се кошаркарски кампови исто како што е потребна соработка со институциите во насока на подобрување на инфраструктурата, развој на женската кошарка и многу повеќе.

Scroll to Top