Top Sport

Побеснети „ракети“: Сакале да се тепаат со Грифин и Риверс

ЛА Клиперс победија во дуелот со Хјустон Рокитс во „Стејплс центар“ во Лос Анџелес 113:102, но главната пресметка се случи по завршувањето на натпреварот, пред соблекуваната на Клиперс.

Тензичен натпревар одиграат Клиперс и Рокитс, а Блејк Грифин и Тревор Ариза беа исклучени. Меѓутоа како што пбјави најпознатиот кошаркарски новинар во САД, Адријан Војнаровски, тројца играчи на Хјустон (Џејмс Харден, Тревор Ариза и Џералд Грин) по натпреварот се обиделе да влезат во соблекувалната на домашниот тим за да се пресметаат со Блејк Грифин и Остин Риверс.

Инцидент спречило обезбедувањето кое ги вратило воинствените играчи во нивната соблекувална.

Клиперси со петтата победа во низа стигнаа до седмата позиција во Западната конференција, додека Хјустон остана на второто место зад лидерот Голден Стејт.

Scroll to Top