Top Sport

Портланд повторно победи (Видео)

Кошаркарите на Портланд ја продолжија победничката серија и во пресметката со ЛА Клиперс. Трејлблејзерс во Стјплс центар, во Лос Анџелес, слевеа 122:109 и ја запишааа 13.победа во низа.

Портланд против Клиперс го предводеа Демијан Лилард со 23, односно Си Џеј Мекалум и Морис Харклс со по 21 поен. Забележителен настап имаше и Јусуф Нуркиќ со 17 поени и 12 скока.

Лу Вилијамс беше најдобар кај Клиперс со 30 поени. Српските репрезентативци Милош Тедосиќ и Бобан Марјановиќ одиграа просечен натпревар. Теодосиќ имаше учинок од шест поени и три асистенции, а Марајновиќ запиша четири поени и пет скока.

Хјустон маршира кон првата позиција на Западот и воопшто во лигата што ќе му донесе предност на домашниот терен низ плејофот.

Ракетите ја совладаа Минесота 129:120. Џејмс Харден забележа 34 поени и 12 асистенции, а Клинт Капела имаше учинок од 16 поени и 12 скока.

Минесота ја предводеше Џеф Тиг со 23 поени, два помалку реализира Ендру Вигинс, а по 20 поени постигнаа Карл-Ентони Таунс и Џамал Крафорд. Некогашниот МВП во Евролигата, Немања Бјелица забележа 15 поени, шест скока и три асистенции.

Њу Орлеанс губеше на полувремето против Бостон, а на крајот стигна до убедлива победа 108:89. Ентони Дејвис со 34 поени и 11 скока ги предводеше Пеликаните, додека кај Селтикс, во чии редови ги немаше Кајри Ирвинг и Ал Хорфорд, најефикасен беше Џејсон Тејтум со 23 поени.

Scroll to Top