Top Sport

Прекинатото дерби убедливо за Работнички

Работнички ја заврши работата пред празни трибини и со 100:84 го совлада најголемиот ривал МЗТ Аеродром Скопје во меч кој беше прекинат во саботата поради проблеми со публиката.

Наместо да се слави најголемиот меч во македонската кошарка, во саботата мечот беше прекинат при 62:50 за момците од „Градски парк“ поради однесувањето на гостинските навивачи, по што судиите се обидоа да ја испразнат трибината. Откако не успеаја во тоа, тие решија да го прекинат мечот.

Кога мечот продолжи, Работнички рутински стигна до својата 19. победа 19 кола во Првата лига за да покаже дека оваа година тимот на Марин Докузовски е подготвен да ја врати титулата.

Костов со 31 поен и 9 асистенции беше најефикасен за Работнички, Гинјард додаде 24, а Мираковски 16, додека кај МЗТ најдобар беше Крафорд со 24 поени.

Фото: МЗТ Скопје

Scroll to Top