Top Sport

Работнички ќе брка нова куп титула (обновено)

КК Работнички повторно ќе се бори за титула, откако влезе во финалето на Купот на Македонија во Кавадарци, откако го совлада Куманово со 77:68 во првото полуфинале.

Тимот на Марин Докузовски беше во водство од почетокот до крајот на мечот, правејќи предност од 16 поени, кои не значеа многу во второто полувреме. Кирил Николовски беше најефикасен кај клубот од „Градски парк“ со 18 поени, додека Чековски додаде одлични 15. Кај Куманово најефикасен беше Штерјов со 12 поени.

„Воопшто не ни беше лесно против кумановчани, кои одиграа навистина добро исто како и на вчерашната средба против Гостивар. По доброто прво полувреме, во продолжението имавме проблеми, за што делумно причина беше повредата на нашиот најдобар поединец, Гинјард. Немам одредена желба против кого сакам да играме утре, бидејќи кој и да е од другата страна на теренот ќе ја има улогата на фаворит против нас. Но, тоа не значи дека однапред ќе се предадеме, бидејќи Работнички е тим кога секогаш и без разлика на проблемите одигра на победа и на освојување трофеи“, вели стратегот на Работнички, Марин Докузовски.

Во второто полуфинале се среќаваат МЗТ Аеродром Скопје и дебитантот Блокотехна од Гевгелија.

 

РАБОТНИЧКИ – КУМАНОВО 77-68 (22-21, 24-10, 13-17, 18-20)

Scroll to Top