Top Sport

Работнички триумфираше во Гостивар

Работнички успеа да остане непоразен на гостувањето кај Гостивар, триумфирајќи со 73:78 во седмото коло од Првата лига на Македонија.

Пред полни трибини во Гостивар, домаќините се обидоа да направат пресврт во последната четвртина, но немаа доволно сили за да го совладаат најтрофејниот македонски тим.

Гинјард со 18 поени и седум асистенции беше клучен играч во новиот триумф на Работнички, Крстевски постигна 15, а Костов и Ефремовски по 12 поени. Најефикасни кај Гостивар  беа Тодоровиќ со дабл-дабл од 21 поен и 10 скокови и Димчевски со 20 поени.

Фото: КК Гостивар

Scroll to Top