МЗТ Скопје доживеа нов тежок пораз во регионалната АБА-лига, откако во Подгорица беше поразен со 104:62 од едни од кандидатите за првото место, Будуќност.

Ова е четврти пораз во низа со над 30 коша разлика за МЗТ, и не изненадува многу, посебно бидејќи црногороскиот тим е еден од најдобрите во АБА лигата.

Николиќ уфрли 21 поен, Долман 14, а Поповиќ 13 поени за Будуќност да остане во игра за првото место за кое ќе се бори со белградска Црвена Звезда. За МЗТ пак, ова е 17-ти пораз во 20 натпревари во лигата со што е „закован“ за дното со никакви шанси за опстанок и најверојатна иднина во втората АБА-лига.