Стив Кер стана тренерот кој најбргу стигнал до 250 победи во НБА во саботата навечер, победувајќи го тимот на неговиот стар познаник Грег Попович, во 122:105 победата на Голден Стејт вориорс над Сан Антонио спарс.

Заза Пачулија постигна 10 од своите 12 поени во третата четвртина на неговиот роденден, помагајќи Вориорси да направат предност од 16 поени на патот до втората победа едноподруго. Ламаркус Олдриџ и Кајл Андерсон имаа по 20 поени за Спарси, кои играа без Кави Леонард, Тони Паркер, Руди Геј и Деџонте Мареј.

Со оваа победа Кер стигна до 250 победи во само 302 натпревари, 44 побргу од стариот рекорд на Фил Џексон. Неверојатно е што Кер загубил само 52 пати во кариерата.

Ентони Дејвис постигна 44 поени, а Њу Орлеанс „прокоцкаа“ предност од 28 поени, пред да се „извлечат“ од „Барклис центарот“ со победа по две продолженија над Бруклин нетс. За Дејвис ова беше четврти натпревар со над 40 поени оваа сезона и 19-ти во кариерата. Нетс ги утнаа првите девет удари во второто продолжение.


Јанис Антекумбо постигна 19 од своите 32 поени во второто полувреме, а Крис Мидлтон заврши со 21 поени, за Милвоки да стигне до 111:104 победа над Орландо. Антекумбо и Мидлтон имаа 22-од-37 од поле зза импресивната победа.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Голден Стејт – Сан Антонио 122:105

Бруклин – Њу Орлеанс 128:138 2ОТ

Л.А.Клиперс – Филаделфија 98:112

Орландо – Милвоки 104:111

Чикаго – Вашингтон 90:101

Л.А.Лејкерс – Далас 123:130

Феникс – Денвер 113:123