Top Sport

Тепачка на кошаркаски меч во Италија (Видео)

На натпреварот од 16.коло во кошаркарското првенство на Италија, Палаканестро, помеѓу Виртус Болоња и Тренто се случи тепачка помеѓу кошаркарите.

Главен актер на инцидентот беше некогаш големиот потенцијал Алесандро Џентиле, кој се врати во Виртус во оби да ја спаси својата кариера.

Во Болоња тој има целосна слобода во играта и во просек бележи по 17 поени, 7 скока и 3 асистенции по натпревар.

Сепак карактертот на Џентиле е незгоден, познат е како експлозивен играч. Поради тоа мечот со Тренто го заврши предвреме.

Во борба под кошот најпрвин дојде до туркање, а потоа и до тепачка помеѓу кошаркарите на двата тима. Откако судиите ја прегледаа снимката покрај Џентиле исклучени беа и играчите на Тренто Доминик Сатон и Хорхе Гутиерес.

Натпреварот заврши со победа на Виртус 82:75.

Scroll to Top