Top Sport

Успешна шок терапија во Кливленд, Торонто лидер на Истокот (Видео)

Кливленд победи во „ТД гарден“ во Бостон 121:99, во дерби мечот, во НБА лигата. Со поразот Бостон му го препушти првото место во Источната конференција на Торонто Репторс.

Шок терапијата предизвикана со масовната размена на кошаркари ја поправи ситуацијата во Кливленд чии кошаркари го декласираа Бостон во дербито. Кливленд постигна 121 поен, а дури седуммина играчи постигнаа двоцифрен број на поени.

Леброн Џејмс го предводеше тимот со 24 поени, 8 скока и 10 асистенции, а веднаш до него беше засилувањето од Лејкерси Џордан Кларкстон со 17 поени.

Бостон го предводеше Тери Розијер со 21 поен, 9 скока и 5 асистенции. Кајри Ирвинг против својот поранешен клуб постигна 18 поени.

Поразот на Бостон го искористи Торонто и со победата над Шарлот 123:103 се искачи на чената позиција на Истокот.

До победата тимот од Канада го предводеа Дерозан-Мајлс-Валанчиунас кои искомбинираа 70 поени.

Дерозан беше најефикасен со 25 поени, имаше и 8 асистенции, Мајлс постигна поен помалку, додека Валанчиунас забележа 21 поен и 9 скока.

Во пресрет на „Ол стар“ натпреварот во Источната конференција води Торонто со скор 39-16, пред Бостон (40-18) и Кливленд (33-22).

Индивидуално изминатата ноќ воодушеви Виктор Оладипо. Плејмејкерот на Индијана Пејсерс е еден од оние кои се наоѓаат во кругот на фаворити за освојување на МВП наградата.

Олдипо во победата на Индијана над Њујорк Никс 121:113 забележа 30 поени, 8 скока, 9 асистенции и 6 украдени топки.

На останатите натпревари: Атланата го совлда Детроит 118:115, Хјустон го победи Далас 104:97, Минесота славеше над Сакраменто 111:106, Оклахома го надигра Мемфис 110:92, а Јута победи во Портланд 115:96.

Scroll to Top