Top Sport

Започнува завршниот турнир во кошаркарскиот Куп

Со натпреварот помеѓу Работнички и Карпош Соколи денес во Кавадарци ќе започне завршниот турнир во кошаркарскиот Куп на Македонија. Покрај овие две екипи за пехарот ќе се борат уште и МЗТ, Гостивар, Блокотехна, АВ Охрид, Фени индустри и Куманово.

Исто како и лани завршницата во македонскиот Куп ќе се игра во салата „јасмин“ во Кавадарци, а трофејот ќе го брани екипата на Карпош Соколи, која во однос на минатат сезона претрпе сериозни измени поради финансиската ситуација во клубот.

Натпреварот со кој ќе биде отворен турнирот Работнички-Карпош Соколи ќе започне во 13 часот, а пота ќе следуваат натпреварите Блокотехна-АВ Охрид (15:30 часот), МЗТ-Фени индустри (18 часот) и Куманово-Гостивар (20:30 часот).

Во досегашната историја осум екипи имале можност да го освојат трофејот. Најмногу пехри, вкупно девет, има Работнички, еден повеќе од најголемиот ривал МЗТ. Два пати Купот го освојувале Фени индустри и Никол Ферт, а по еднаш Вардар, Кочани Деликатес, АМАК СП и Карпош Соколи.

Во Кавадрци ќе се одигра и завршницата на Купот во женска конкуренција. Титулата освоена минатата сезона ја брани Вардар.

Дамите ќе стартуваат в сабота со полуфиналните двојки: Вардар-Пелистер (12 часот) и Бадел 1862-Струга 2009 (14:30 часот).

Scroll to Top