Top Sport

600 гола на Овечкин во НХЛ

Изминатата ноќ во северноамериканската професионална хокеарска лига (НХЛ) се одиграа осум натпревари, а во центарот на вниманието беше легендарнито руски хокеар Александар Овечкин, играч на Вашингтон Капиталс.

Вашингтон, по продолжението, го доби дуелот со Винипег Џетс (3:2), а голот за победа го постигнаЕвгениј Кузњецов.

Претходно Винипег два пати се враќаше во мечот со головите на Елерс и Лејн. на спротивната страна блескаше Овекин со два гола, првиот го постигна во петтата минута од првата третина, а вториот по четири минути игра во втората третина, кога го постигна 600. гол во кариерата.

32-годишниот руски хокеар на вечната листа се наоѓа на 20. место, а пред него со гол повеќе е поранешниот фински репрезентативец Јари Кури.

Прв на листата на најдобри стрелци е легендарниот Вејн Грецки со 894 гола.

Scroll to Top