Top Sport

Александар Маленко нов прв човек на македонското пливање

Еден од најпознатите и најуспешните македонски пливачи во историјата, Александар Маленко е нов претседател на Пливачката федерација на Македонија (ПФМ).

На денешното изборно Собрание што се одржа во амфитеатарот на факултетот за физичка култура (ФФК), Маленко доби 12 гласа од 22 делегати и го наследи Александар Коцевски.

За нов претседател на далечинско пливање е именуван Томи Стефановски.

„Благодарам на сите делегати за укажана доверба на денешно транспарентно изборно собрание да бидам претседател на Пливачката федерација на Македонија. Од понеделник почнува имплементација на професионализам во македонското пливање!“, напиша Маленко на својот Tвитер-профил.

Scroll to Top