Top Sport

АО: Сијех ја елиминира Мугуруса, Конта испадна од „лаки лузер“

Второто коло во женска конкуренција на Австралија опен донесе две големи изненадувања. Од турнирот се елиминирани третата и деветтата носителкаГарбиње Мугуруса и Џоана Конта.

Шпанката Мугуруса е елиминирана од 88.во светот Су-Веи Сијех од Кинески Тајпех. Сијех до победата стигна во два сета за 110 минути игра (7:6, 6:4). Сијех особено импресивна беше во тај-брејкот на првиот сет кој го доби со 7:1.

Миленичката на Британија, Џоана Конта, во втората рунда е поразена од Бернарда Пера, која на главниот тутнир велезе како „лаки лузер“. Пера игра на местото на Маргарите Гаспаријан која се повлече поради повреда.

Пера во првата рунда ја победи Ана Блинкова, а во второто коло 23-годишната Американка стигна до најголемата победа во кариерата.

Пера која е 123.тенисерка на ВТА листата по голема борба ја победи Конта со 6:4, 7:5.

Scroll to Top