Top Sport

Болт трчаше на 5 километри

Осумкратниот олимписки шампион и светски рекордер на 100 и 200 метри, Јусеин Болт се врати на трчањето, но наместо на спринт, на трка на 5 километри во добротворни цели во Јамајка.

Легендарниот Болт се повлече од атлетиката по Светското првенство во Лондон пред два месеци и оттогаш ужива во животот во пензија, но повторно се врати на трчањето на „Хироуз ин екшн“ трката во Кингстон, по што побара од неговите слебедници на социјалните мрежи да го погодат неговото остварено време. Повеќе од неговите фанови сметаа дека тој ја завршил трката под 20 минути, нешто што е доста тешко за тие кои не тренираат посебно за вакви трки.

What time you all think I ran in the 5k? #boltforourheroes #boltforourelders #heroesinactionrun

A post shared by Usain St.Leo Bolt (@usainbolt) on

Scroll to Top