Top Sport

Дебакл на Вавринка во Мелбурн

По елиминацијата на Милош Раониќ, Џек Сок и Давид Гофан, првиот Гренд слем турнир заврши за уште еден носител. Од Мелбурн е елиминиран Стан Вавринка, кого меѓу гледачте го испрати Денис Сандрген 97. на АТП листата.

Малку познатиот Американец во второто коло го збриша поранешниот шампион Вавринка во три сета 6:2, 6:1, 6:4. Мечот траеше 89 минути.

Иако трикратниот гренд слем шампион недоволно подготвен дојде во Мелбурн, тоа никако нема да фрли дамка врз најголемата победа која во кариерата ја оствари Сандгрен.

Американецот прв пат во кариерата успеа да забележи победа над играч кој во Топ 10 и воедно да се пласира во третото коло на некој Гренд слем.

Scroll to Top