Американката Џејм Андерсон освои златен медал во сноуборд во дисциплината слоупстајл на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Андерсон во Јужна Кореја успеа да го одбрани златниот медал што го освои пред четири години во Сочи. Во Русоја во 2014 година дисциплината слоупстајл за прв пат се најде во програмата на Олимписките игри.

Андерсон во првата серија оставри исклучително добар скор 83.00 што на крајот и беше доволно за победа. До сребрениот медал успеа да дојде Канаѓанката Лори Блуин (76.33 во втората серија), а бронза освои Ени Рукајарви од Финска (75:38 во втората серија).

Третата серија во оваа дисциплина не се одржа поради силниот ветер.