Top Sport

Елизабет Свејни, убедливо најлошата скијачка во Пјонгчанг (видео)

Елизабет Свејни, Унгарката родена во САД е најверојатно најневеројатниот скијач во историјата на Олимпијадата во Пјонгчанг, и една од спортистките кои можат да е наречат „најлоши во историјата“, во категоријата на скокачот Еди „Орелот“ Едвардс, Ерик „Јагулата“ Мусамбани и други „авантуристи“.

Свејни се натпреваруваше во дисциплината чиј предуслов е атракцијата – фристајл скијањето во „халфпајп“, но таа не се обиде да има ниту една атракција, завршувајќи убедливо како последна. 33-годишната родена Американка вели дека сакала да докаже дека сите можат да бидат на Игрите.

Свејни успеа да стане олимпиец поради малку среќа, многу комбинаторика и речиси непостоечката конкуренција во „халфпајп“ кај дамите. Олимписки услов е да имате повеќе топ 30 пласмани во Светскиот куп, а Свејни се квалификуваше со 13 топ 30 пласмани, сите овозможени со тоа што била последна, но имало помалку од 30 натпреварувања.

„Сакам да покажам дека скијањето во слободен стил е можно за сите и никогаш не е доцна. Се надевам дека ќе инспирирам некого со мојата приказна“, вели Свејни.

Scroll to Top