Top Sport

Федерер ја освои 97. титула во кариерата

Роџер Федерер го освои АТП турнирот во Ротердам. Швајцарецот во финалето експресно го совлада Бугаринот Григор Димитров со 2:0 (6:2, 6:2).

Федерер од утре и официјално ќе се врати на првото место на АТП листата, а враќањето на тенискиот трон го прослави со титулата во Ротердам, која е 97. во неговата кариера.

Димитров во финалето немаше апсолутно никакви шанси против 36-годишниот Швајцарец, кој за само 26 минути го доби првиот сет, а во исто ритам продолжи и во вториот кога ги казни сите грешки на ривалот.

Scroll to Top