Top Sport

Федерер: Секако дека го сакам првото место

Роџер Федерер вели дека ќе е екстремно мотивиран да го врати првото место на АТП листата првпат по повеќе од пет години на АБН Амро опен во Ротердам оваа недела.

36-годишниот шампион од Австралија опен, неочекувано пристигна во холандското пристаниште, со мисла дека со пласман во полуфиналето ќе го помине Рафаел Надал на првото место. Доколку 20-кратниот гренд слем шампион успее во тоа, ќе стане светски број 1 првпат од ноември 2012 година.

„По Мелбурн, си помислив дека би сакал да играм во Ротердам. Сите во мојот тим се многу возбудени и сега ќе се обидам. Морам да го направам тоа бидејќи е исправното во моментов, но морам да го дадам срцето на теренот и да играм тенис. Секако, мотивира знаењето дека можеш да бидеш број 1 од понеделник“, вели Федерер.

Швајцарецот објаснува дека не размислувал многу за рејтинг-листата сè додека не го победил Хрватот Марин Чилиќ во финалето на Австралија опен.

„Играв во Мелбурн без да мислам на поените, но знаев дека имам можности во февруари. Доколку станам број 1 тоа ќе биде вистинско достигнување. Покрај тоа, интересно е што Стен Вавринка е во мојот дел од ждрепката и ќе морам да го минам стариот пријател за да бидам на врвот“, додава Швајцарецот.

Scroll to Top