Top Sport

Федерер и Занети си разменија подароци

Две славни лица од светот на спортот се сретнаа во Швајцарија, откако Роџер Федерер по освојувањето на домашната титула имаше време за размена на подароци со поранешната ѕвезда на Интер, Хавиер Занети.

Аргентинецот Занети, можеби навиваше за сонародникот Хуан Мартин дел Потро во финалето во Базел, меѓутоа тоа не му пречеше да ужива во среќавањето со Федерер. Занети и Федерер имаат една голема сличност – двајцата старееја во својот спорт без знаци на намалување на квалитетот. Занети помина 19 години во Интер, направи 614 настапи во Серија А, и сега работи како потпретседател на Интер.

„Две легенди“, напишаа Интер на нивната Инстаграм страница со фотографија на двајцата.

Two legends! ?⚽️?? #ATP #Federer #Zanetti #ForzaInter

A post shared by Inter (@inter) on

19-кратниот гренд слем шампион на Занети му даде потпишана маица и рекет, додека Федерер доби дрес од Аргентинецот.

„Голема возбуда е да се знае бројот 1 во тенис. Ти благодарам, Височество“, напиша Занети.

Инаку Федерер ја прослави осмата титула од Свис Индорс со „традиционалното“ јадење пица со момчињата и девојчињата кои собираат топчиња на турнирот и се дел од локалната тениска школа.

Scroll to Top