Top Sport

Фелпс: Би можел да се вратам, но не го сакам тоа

Освојувачот на рекордни 28 олимписки медали, американскиот пливач Мајкл Фелпс вели дека би можел да се врати на натпреварувањата ако го сака тоа, но дека во моментов има поважни работи во животот.

32-годишниот Фелпс се пензионираше по Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година, ставајќи крај на неверојатната кариера во која освои 23 златни медали.

„Мислам дека би можел повторно да го направам тоа, но сега немам ништо за што би се вратил на пливањето. Тоа е најважното нешто. Сега ќе гледам други момци и девојки кои ќе блеснат на некоја следна Олимпијада. Кој знае кој ќе биде тоа“, изјави Фелпс во гостувањето на американското ТВ-шоу „Тудеј“.

Американецот исто така додаде дека физички е поактивен и дека ослабел речиси 10 килограми од својата најголема тежина по освојувањето на шесте медали во Рио.

„Сакав да бидам во добра форма и почнав да кревам товар. Сега најтешкиот предизвик е да бидам добар сопруг и добар татко, а не најсилниот и најбрзиот“, додава Фелпс, кој оваа година учествуваше во малку поинаков спорт – во Светската серија во покер.

Scroll to Top