Top Sport

Фелпс: Цел живот се борам со депресија, размислував за самоубиство

Најуспешниот олимпиец на сите времиња, американскиот пливач Мајкл Фелпс открива дека во текот на целиот живот се борел со сериозна депресија и дека по Олимпијадата во Лондон во 2012 година размислувал за самоубиство.

Зборувајќи на конференција за ментално здравје во Чикаго, освојувачот на 23 златни олимписки медали зборуваше отворено за борбата со депресијата, охрабрувајќи ги луѓето да побараат помош како него.

„По секоја Олимпијада паѓав во тешка депресија. Не сакав повеќе да бидам спортист. Не сакав да бидам жив. Размислував за самоубиство. Ние би требало да сме тие големи, мачо луѓе, но тоа не е слабост. Сите бараат помош“, изјави 32-годишниот Американец.

Фелпс се натпреваруваше на четири Олимпијади и пет Светски првенства, пред да се повлече од спортот по Олимпијадата во Рио.

Дека работите одат добро за него, зборува тоа што тој се ожени со својата девојка Никол по ОИ во Рио, и со неа го има првиот син, Бумер.

Scroll to Top