Top Sport

Ферел до Федерер: Дали си вештер или вампир? (видео)

Роџер Федерер го „уништи“ Словенецот Аљаж Бедене со 6:3/6:4/6:3 во првото коло на Австралија опен, по што дојде вистинскиот тест – интервјуто со комичарот Вил Ферел, кој му постави некои навистина бизарни прашања.

Ферел, кој е официјален гостин на првиот гренд слем од сезоната, беше повикан од Џон Мекинро на теренот, и резултатот беше катастрофален.

„Роџер, денеска беше како газела на теренот, дали би ја опишал својата игра како свилена газела?“, беше првото прашање.

„Можеби? Не знам. Газела, нели ја јадат на крајот?“, одговори Федеер.

Најинтересното прашање беше тоа околу годините на 36-годишниот Швајцарец.

„Роџер која е тајната? Дали си вештер или вампир?, беше прашањето на кое и Федерер немаше одговор.

Scroll to Top