Top Sport

Фјури: Кога ќе сфатиш дека си дебел (видео)

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури признава дека не е најдобриот танчар, откако Британецот постави видео како танцува по крајот на напорната тренинг сесија.

„Кога мислиш дека ги имаш потезите, но сфаќаш дека си само една дебела мешаница. Кој вели дека тренинзите не можат да се забавни“, напиша Фјури на видеото на кое танцува.

29-годишниот Фјури се обидува да се врати во рингот и да ги врати титулите во тешка категорија и повеќе пати сподели видео од тренинзите, и во исто време ги повика „големите момци“ во тешката категорија – Ентони Џошуа, Дионтеј Вајлдер, Тони Белју на меч.

Неговиот кам-бек сè уште зависи од одлуката на Британскиот боксерски борд (БББЦ), бидејќи тој уште ја нема вратено лиценцата која му беше одземена по признанието дека земал кокаин и дека страдал од депресија. Сепак, сигурно не сме го виделе последното од самонаречениот „Џипси кинг“.

Фјури: Дебел како свиња, влакнест како животно, но гладен како лав!

Scroll to Top