Top Sport

Фојц по вторпат го освои Венген (видео)

Швајцарецот Беат Фојц беше прв скијач на патеката за да стигне до победа на спустот во Венген, еден од најстарите и најпрестижните скијачки трки на светот вторпат во кариерата.

30-годишниот Фојц, кој е актуелен светски шампион во спуст, ја комплетираше тешката 4.27 километри долга патека Лауберхорн за 2 минути и 26.50 секунди, за да го победи Аксел Лунд Свиндал за 0.18 секунди.  Австриецот Матијас Маер, освојувачот на олимпиското злато од пред четири години во Сочи беше трет со 0.67 секунди послабо време. Во Венген, каде што инаку може да се стигне само со воз и автомобили не се дозволени, имаше над 35 илјади фанови.

Фојц и Свиндал, кој победи во Венген пред две години ќе бидат меѓу фаворитите за освојување на олимпиското злато во Пјеонгчанг следниот месец. 30-годишниот Фојц нема олимписки медал, додека 35-годишниот Свиндал имаше злато во супер-џи, сребро во спуст и бронза во велеслалом во Ванкувер во 2010 година.

Scroll to Top