Top Sport

Фрум демантира дека ќе се „договори“ за 6 месеци казна

Четирикратниот шампион од Тур де Франс, Крис Фрум ги отфрли шпекулациите дека ќе прифати суспензија од шест месеци по „необичните резултати“ од Вуелта Еспања минатиот месец.

Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ во понеделникот објави дека Фрум размислува да ја прифати казната по совет на неговата сопруга Мишел, која работи и како негов менаџер.

Фрум со ова не би признал дека се допингува, туку би признал дека бил „небрежен“ за да избегне анти-допинг процес. Велосипедистот на Тим Скај преку Твитер ги демантираше овие извештаи.

„Го прочитав написот во ‘Кориере дела сера’ и само можам да кажам дека е целосно невистинит“, напиша Фрум.

Примерок од урината на Фрум од 7 септември имаше надминато ниво на „салбутамол“, средство за астма. Велосипедистите имаат право да имаат до 1.000 нанограми по милимитар, но примерокот на Фрум имал 2.000 нанограми. Фрум во декември изјави дека никогаш не криел дека има астма и дека ги зема само дозволените дози.

Фрум: Ова не е позитивен тест, мојата репутација е чиста

Scroll to Top