Top Sport

Гергес најдобра во Окланд, Вознијацки не успе да се врати на првото место

Германската тенисерка Јулија Гергес го освои ВТА турнирот во Окланд, Ноз Зеланд.

Гергес, во финалето, по голема борба ја победи Каролин Вознијацки од Данска со 6:4, 7:6 и на тој начин ја спречи противничката да се врати на првото место на ВТА листата.

Германкста во првиот сет направи еден брејк што и беше доволно да го освои, додека во вториот сет двете тенисерки направија по еден брејк, а Гергес потоа беше многу посигурна во тај-брејкот.

Гергес во Окланд го освои петтиот трофеј во кариерата, додека Вознијацки ќе чека нова шанса да се врати на првото место на ВТА листата.

Scroll to Top