Top Sport

Ѓоковиќ: Бевме на граница на здравствената издржливост

Новак Ѓоковиќ се пласира во третото коло на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија опен. Србинот во второто коло го победи Гаел Монфилс со 3:1 во сетови (3:6, 6:3, 6:1, 6:3). Мечот мина во знакот на исклучително тешките временски услови, во сенка температурата изнесуваше 39 степени Целзиусови, додека температурата на подлогата стигнала и до 60. степен.

„Веројатно ова беа најтешките услови во кои сум играл во кариерата. Очигледно беше дека двајцата се мачевме. Монфилс се мачеше малку повеќе кон крајот на вториот и почетокот на третиот сет, кога успеав да стекнам предност. Се обидувавме да дојдеме до здив“, рекол Ѓоковиќ.

Србинот одговорил и на прашањето дали во вакви услови организаторот треба да го затвори покривот.

„Правилата постојат само кога е во прашање индексот, поточно кога се комбинира температурата и влажноста на воздухот. Не сум сигурен што точно значи тоа. Сепак мислам дека постојат одредени денови кога супервизорот на турнирот треба да препознае дека е потребно на играчите да им даде дополнителни часови додека жежтината не стивне. Разбирам дека постои факторот наречен влезници, односно доколку мечевите во тој термин не се играат дека луѓето нема да бидат задоволни. Кога играте на ова ниво морате да биде подготвени, сепак е почеток на сезоната. Но, постои и граница и тоа е нивото кое го разграничува она „да бидеш подготвен“ и она другото „здравјето да биде загрозено“.

Веднаш по овој одговор следувало и прашањето дали денес е пробиена таа граница?

„Навистина беше на граница. Мислам дека денес прв пат ми се случи да играм два и пол часа, а да имам 180-200 отчукувања на срцето во минута“, заклучил Ѓоковиќ.

Scroll to Top