Top Sport

Ѓоковиќ ги потврди шпекулациите: Да бев на операција

Новак Ѓоковиќ ги потврди озборувањата дека го оперирал повредениот лакт, истакнувајќи дека очекува целосно да се опорави од повредата.

Српскиот тенисер по елиминацијата во четвртфиналето на Австралија опен најави нова пауза поради повредата на лактот, но тогаш не беше јасно дали ќе одмора или ќе замине на операција.

На почетокот на неделата Ѓоковиќ беше на специјалистички преглед во Прага, а потоа е опериран во Швајцарија.

„Се обидов да се натпреварувам на Австралија опен, ми недостигаше тенисот и поради тоа морав да пробам. Договорот со тимот беше по турнирот да се најде друг начин за лечење на повредата. Поради тоа пред неколку дена го оперирар лактот во Швајцарија. Ми се чини дека сум на добар пат целосно да ја залечема повредата, но треба да знаете дека ова е голем предизвик. Секогаш се обидував на најдобар начин да се грижам и да го чувам здравјето и поради тоа успевав со години да играм на највисоко ниво. Размислувам позитивно и верувам дека наскоро повоторно ќе играм тенис“, напишал Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ во текот на кариерата има освоени 12 Гренд слем титули и 30 трофеи на турнироте од Мастерс серијата.

Scroll to Top