Top Sport

Гроувс се намачи во 12 брутални рунди со Јубанк Јуниор (видео)

Во Манчестер во саботата навечер имаше вистинско боксерско шоу, откако Џорџ Гроувс во брутални 12 рунди го победи Крис Јубанкс Јуниор и ја одбрани ВБА титулата во супер-средна категорија.

Во меч за кој билетите беа експресно продадени, Гроувс на крајот беше подобар според тројцата судии (117:112, 116:112 и 115:113) за да обезбеди пласман во финалето на Светската серија во мај, каде што ќе се судри со подобриот од мечот Калам Смит-Јирген Бремер, кој се одржува следната недела.


Scroll to Top