Top Sport

Храбар кам-бек на Марино по борбата со депресијата

Поранешната топ 50 тенисерка, Ребека Марино ќе се врати на тенисот по пауза од 4 години, во кои имаше големи проблеми со депресијата.

26-годишната Канаѓанка ќе игра на малите турнири во Сагенај и Торонто, за прв настап по напуштањето на ВТА турнејата поради депресијата во февруари 2013 година.

Марино беше на 38. место на ВТА-листата во 2011, кога загуби во финалето во Мемфис и стигна до третото коло на Ролан Гарос, нејзин најдобар пласман на гренд слем турнирите.

„Немам рејтинг во умот, ниту резултати кои сакам да ги постигнам. Сакам само да играм тенис. Ми беше многу тешко, но тоа што се отворив на моето семејство и на пријателите беше најдоброто нешто што го направив. Најхраброто нешто е да ја ставиш таа маска и да ја криеш депресијата“, изјави Марино, која се вратила на тренинзи во септември.

Scroll to Top