Top Sport

Јапонската сноубордерка не жали што станала проститука

Мело Имаи имаше сон да биде олимписка шампионка, сон кој откако беше сурово неуспешен, јапонската сноубордерка стана скапа проститутка. Сега, таа сака да се врати на спортот.

Мело имаше само 18 години кога настапи на Олимпијадата во Торино во 2006 година како една од фаворитките во халфпајп дисциплината по победата на Светскиот куп. Мотивирана од нејзиниот татко, поранешниот олимписки одбојкар Такаши Нарита, Имаи не ги помина квалификациите и заврши на последното 34. место. Таа падна и удри со главата во „полу-цевката“ по што ја загуби свеста.

Во Јапонија реакциите беа сурови – таа беше наречена „трошење на парите на даночниците“ и дури „срамотот на Јапонија“.

„За многумина Олимпијадата претставува врв на кариерата, а за мене беше кошмар. Не поради повредата, туку поради целото искуство. Цело време имав страв од неуспех и се ‘задушив’. Беше така цела моја кариера“, вели Имаи.

Имаи и нејзиниот брат, исто така сноубордер, бргу ги завршија кариерата и станаа „тарентос“, јапонски збор за славни лица од типот на Кардашијан, кои се славни само поради тоа што се славни. По краткиот брак, мајката на две деца почна да работи како хостеса, по што стана „скапа“ проститутка, а потоа почна да работи и порно-филмови.

„Бев многу срамежлива и на почетокот го покривав телото, но тоа се смени подоцна. За мојот живот во магазините се пишуваше многу, но луѓето не треба да веруваат во сè што ќе прочитаат. Сега се враќам на сноубордот и помагам на многу луѓе“, додава Имаи.

Scroll to Top