Top Sport

Како Волков го „здроби“ екс-шампионот Вердум (видео)

Главната атракција на УФЦ големата вечер во Лондон секако беше пресметката на поранешниот шампион во тешка категорија, Фабрисио Вердум, кој доживеа вистинска катастрофа против Русинот Александер Волков.

Бразилецот изгледаше во контрола во првата рунда и го прати Волков долу по само неколку секунди борба. Но, тој не успеа да направи предност и потроши премногу енергија на подот со малку успех.

Поради неактивност, судијата Марк Годард и „крена“ фајтерите на нозе неколку пати, и тоа му даде шанса на Волков сериозно да го нападне противникот. Изненадувачкиот финиш се случи во четвртата рунда, кога уморниот Вердум едноставно не можеше да го контролира Волков и тој го прати на подот со силен удар, за да го доврши на подот. Волков дефинитивно си направи големо име во тешката категорија со оваа победа.

Scroll to Top