Top Sport

Квитова ја собори светската тенисерка број 1

Петра Квитова во одличен меч обезбеди пласман во финалето на Катар опен, враќајќи се од сет негатива за 3:6/7:6(3)/7:5 победа над светската тенисерка број 1, Каролине Вознијацки и ќе се судри со Шпанката Гарбиње Мугуруза.

Стартот на првиот сет беше израмнет пред Вознијацки да направи брејк, на кој Квитова веднаш врати. Данската шампионка од Мелбурн врати со брејк и го освои сетот за 30 минути. На сличен начин продолжи и вториот сет пред Квитова да се врати од 2:0 и да примора тај-брејк, кој го доби убедливо со 7:3.

Во последниот сет, публиката во Доха можеше да види интересен и израмнет тенис, пред Квитова да го направи клучниот брејк во деветтиот гем.

Шампионката од Вимблдон, Гарбиње Мугуруза ќе и се спротистави на двократната шампионка од Вимблдон, Квитова, откако Романката Симона Халеп се повлече пред полуфиналето поради повреда.

Scroll to Top