Top Sport

Квитова победи во Санкт Петербург

Петра Квитова од Чешка го освои турнирот во Санкт Петербург. Таа во финалето ја победи Кристина Младеновиќ 6:1, 6:2.

Квитова до титулата дојде за 76 минути игра. Чехињата доминираше од првиот до последниот поен, во првиот сет три пати, а во вториот два пати и го одзеде сервисот на противничката.

Квитова на овој турнир немаше статус на носителка, таа во Санкт Петербург дојде како 29. на ВТА листата.

Scroll to Top