Top Sport

Легендата продолжува! Вон со 79. победа во Светскиот куп (видео)

Американката Линдзи Вон уште еднаш покажа дека е подготвена за олимписка слава, откако доминираше на спустот во Кортина Д’Ампецо победувајќи се речиси цела секунда предност.

Вон на сончевата „Олимпија деле тофане“ патека имаше најдобро време од 1:36.48, за 0.92 секунди подобро од Тина Вајратер од Лихтенштајн, додека подиумот го комплетираше уште една Американка, Џеклин Вајлс, за вторпат да биде во топ 3 во кариерата.

Ова беше рекордна 12. победа на Вон во Кортина и 79. во кариерата, со што се доближи на само седум од вечниот рекорд на Швеѓанецот Ингемар Стенмарк од 86 победи.  Софија Гоџија, победничката на последните два спуста, ја загуби контролата при доскок и не ја заврши трката.

Scroll to Top