Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Пливачката федерација на Македонија ќе го поддржи учеството на пливачите Ана Јаневска, Љупчо Ангеловски, Миа Крстева, Давор Петровски и Методија Ангелески во нивното учество на ЛЕН Европското првенство на кратки патеки кое ќе се одржи во Копенхаген, Данска.

На првенството кое ќе се одрѓи од 13 до 17.декември ќе учествуваат околу 700 пливачи од 45 држави.

Ова првенство воедно ќе биде првиот спортски настан кој е се организира во „Кралската Арена“ во Копенхаген.