Top Sport

Македонија со тројца скијачи во Пјеонгчанг

Македонија ќе прати двајца натпреварувачи во нордиско скијање и еден во алпско скијање на Зимските олимписки игри во Пјеонгчанг.

Антонио Ристевски ќе се натпреварува во слалом и велеслалом со освоена А-норма, Ставре Јада ќе има две трки во нордиско скијање (спринт и 15 километри), исто така со освоена А-норма, додека единствената дама во составот, Викторија Тодорова ќе настапи во нордиската трка на 10 километри.

Македонскиот тим заминува во Јужна Кореја на 7 февруари. На Зимската олимпијада ќе настапат спортисти од 92 нации.

Scroll to Top