Top Sport

Македонскиот тенисер што се разбудил од кома – не постои!

Дарко Грнчаров, македонски тенисер, чија животна приказна го трогна тенискиот свет, приказна што ја воодушеви Серена Вилијамс, чии коментари и изјави многумина цитираа, а британскиот сервис Би-би-си направи интервју бидејќи се разбудил од кома и тргнал да ги оствари своите сништа, едноставно, не постои.

Истражувањето на темата „Најголемиот измамник во тенисот“ деновиве го направиле неколку луѓе, меѓу кои е и Бен Ротенберг, слободен новинар од САД, кој повремено пишува и за „Њујорк тајмс“, открил дека 20-годишниот тенисер, кој се разбудил од кома и кој ќе продолжи со тенисот, а во март во Мајами ќе тренира со Виктор Торицки, не постои.

Она што тие го откриле е дека постои личност со исто име и презиме, која играла тенис, односно одиграле еден тениски меч. Во јуниорската конкуренција во Подгорица бил поразен од Никола Вукотиќ со 6:0, 6:0.

Но, тој Дарко Грнчаров нема никаква врска со момчето што стекна светска слава.

Грнчаров, покрај својата трогателна приказна, стана славен и по своите коментари на „Твитер“. На пример, напишал дека никогаш не би играл тенис во Мелбурн на арената „Маргарет Корт“ бидејќи таа неодамна за него имала некои неприфатливи хомофобични изјави.

Кога овој негов коментар многумина го ретвитаа, тоа му донесе интервју за Би-би-си кога и открил дека неодамна се разбудил од кома и дека се надева дека набргу ќе успее да му се врати на тенисот.

Популарноста на Грнчаров доживеа метеорски подем кога на „Твитер“ успеал да најде неколку години стара порака на Тенис Сандгрен, човекот што оваа година сензационално стигна до четврт-финалето на Австралија опен.

Сандгрен пред неколку години на „Твитер“ закачил фотографија на мускулестата Серена Вилијамс и напишал – „тоа е гадно“.

Грнчаров на Сандгрен му напиша сѐ и сешто, меѓу другото, дека не му припаѓа на тенисот, дека не му припаѓа на спортот воопшто и уште еднаш го воодушеви светот до толку што дури и самата Серена му се јавила, му се заблагодарила за поддршката и започнала да го следи на „Твитер“. Ѕвезда каква што е Серена Вилијамс на својот профил „Твитер“ следи само 200 луѓе.

Со таква слава нормално е дека интересот за Македонецот започна да расте кај новинарите, кои и открија дека Дарко Грначорв не постои, односно дека постои само лажен профил.

А кога новинарите го соочиле со лагите што ги пласира, дека потпишал договор со еден од најголемите спортски брендови, дека на закажано интервју не дошол бидејќи починала мајка му, а жената за која рекол дека му е мајка редовно пишува на фејсбук-профилот, Дарко Грнчаров исчезнал од социјалните мрежи.

Scroll to Top