Top Sport

„Местенки“ во европското рагби!

Светската рагби федерација потврди дека ќе ги истражува околностите под кои Белгија ја победи Шпанија во квалификациите за Светскиот куп.

Федерацијата најави дека ќе го разгледа „контекстот на случувањата“ околу резултатот со кој Романија автоматски се квалификуваше, додека Шпанија оди понатаму преку бараж. Шпанците не беа задоволни од романскиот судија Влад Јордаческу и директно се конфронтираа со него по крајот на неделниот меч, по кој ќе мораат да играат со Португалија за пласман на СК во Јапонија во 2019 година. Победникот од тој дуел ќе мора да игра и со Самоа за пласман понатаму.

Шпанскиот селектор, Сантијаго Сантос по поразот од 18:11 го обвини Јордачексу дека не дозволил неговиот тим да игра.

„Разликата на казните за нас и за противниците беше огромна. Кога се обидовме да се вратиме во натпреварот, тој постојано не прекинуваше. На еден од моите играчи му кажав дека денеска не загуби Шпанија, туку загуби рагбито“, вели Сантос.

Фото: ЕПА

Scroll to Top