Top Sport

Нелсон: Кро Кап изгледа најде подобри дроги

Пред мега-мечот меѓу Мирко Филиповиќ и Рој Нелсон, Американецот не го штедеше својот хрватски ривал.

Нелсон во 2011 година го нокаутираше Кро Кап, а Хрватот ќе добие шанса за реванш на 25 мај на „Вембли“, и „Биг Кантри“ вели дека бил изненаден што го „извадиле Филиповиќ од нафталин“, а мораше да го „пецне“ и за двегодишната допинг-суспензија.

„Се изненадив когам и кажаа дека ќе се борам со Кро Кап, но јас никогаш не одбивам борба. Секогаш барам реванш, но иако не добив во мојата кариера, добро што на некој друг ќе му дадам шанса. Дефинитивно Кро Кап напредуваше последните години, најверојатно бидејќи најде подобри суплементи. Во целата моја кариера единствена причина зошто некој сакаше да се бори со мене, беше поради тоа што веруваа дека имаат шанса, или беа на нешто. Но, тоа не е мој проблем“, вели Нелсон.

Кро Кап одговори преку Фејсбук.

„Драги Рој, не мораш да се грижиш за стимулансите. Единствениот ‘посебен додаток’ ми се два тешки и крвави тренинзи секој ден. Така пет дена во неделата. Ќе бидам тестиран, како и сите други пред борбата и по борбата. Подобро барам некој друг изговор откако ќе го претепам тоа безобразно дупе. И дај те молам, обричи ја таа одвратна брада, изгледај како професионалец со минимум почит“, напиша Филиповиќ.

Нелсон не застана тука, и одговори преку видео на Инстаграм.

„Еве се подготвувам за допинг-тест, бидејќи, знаете, некои луѓе не користат допинг“, изјави Нелсон, по што објави и фотографија под која напиша „Величенствена брада и грива“.

Majestic beard and mane!

A post shared by Roy Nelson (@roynelsonmma) on

Кро Кап на „Вембли“ против Нелсон!

Scroll to Top