Top Sport

НФЛ: Том Брејди и Њу Ингланд изборија ново финале

Њу Ингланд Петриотс се пласираа во финалето на НФЛ шампионатот, популарно наречен Супербоул. Петриотс десетти пат во историјата, а осми пат во овој век, ќе се бори за титулата.

Бранителот на титула во финалето на АФЦ конференцијата, во Бостон со голем пресврт, победи 24:20 во дуелот со Џексонвил Џегуарс.

Џексонвил одигра фантастичен меч, предводен од ранин бекот Леонард Форнет имше 20:10 на почетокот на последниот квартал.

Во последниот квартал на спортивната страна се „разбуди“ еден од најдобрите квотер бекови во историјата Том Брејди. Со две тачдаун додавања за Дени Амендолу во последните девет минути го однесе својот тим во ново финале.

Брејди (40) фрли 290 јарди, Амендола собра 84, а Брендон Кукс 100 јарди. На спортивната страна на Џексонвил не му помогнаа ниту 293.јарди на ТД Блејк Бортлес.

Сепак Џегуарс останаа еден од четирите тима во лигата, покрај Хјустон Тексанс, Клиленд Браунс и Детроит Лајонс) кои нокогаш не играле Супебоул финале.

Противник на Њу Ингланд Петриотс во финалето кое се игра за две недели ќе биде тимот на Филаделфија Иглс.

Scroll to Top