Top Sport

Норвешките олимпијци по грешка добија 15.000 јајца!

Готвачите на норвешкиот олимписки тим беа зачудени кога добија „половина камион“ јајца, откако направија грешка во нарачката во Пјеонгчанг, Јужна Кореја.

Наместо 1.500 јајца, колку што нарачале, кај Норвежаните биле доставени 15.000 јајца, што сепак се премногу за 109-те норвешки спортисти.

Готвачот Стале Јохансен за норвешкиот весник „Афтенпостен“, признава дека бил зачуден кога неговиот тим добил „половина камион јајца“ во неверојатна ситуација. За среќа на тимот, кој според Јохансен најмногу сака лосос и тако, кога се разбрале со дистрибутерот, успеале да ги вратат 13.500 непожелни јајца.

Scroll to Top